Доналд-Трамп1

05.05.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е лукав човек, но во исто време оцени дека Украина продолжува да ја губи контролата врз својата територија во конфликтот со Русија.

Во интервју за „Салем њуз ченел“, Трамп, кога беше прашан за неговиот став кон Зеленски, рече дека украинскиот лидер е лукав, нагласувајќи дека САД сакаат да најдат мирно решение за војната во Украина. Според агенцијата Тасс, американскиот претседател додаде дека Киев продолжува да спроведува борбени операции благодарение на испораките на американско оружје преку земјите од НАТО.

„Тие губат територија“, рече Трамп, осврнувајќи се на Украина, и посочи дека ситуацијата на фронтот, и покрај западната воена помош, не се развива во корист на Киев. Во друг извештај од истото интервју се наведува дека Трамп повторил дека Вашингтон продава оружје на НАТО, додека европските членки потоа го доставуваат до Украина.

Американскиот претседател постојано нагласуваше дека приоритет на неговата администрација е дипломатско решение, додека Киев вели дека Украина нема да прифати услови што би значеле откажување од територија.

Рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков претходно изјави, по телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, дека двајцата лидери разговарале и за Украина, вклучително и за можноста за краткорочен прекин на огнот на 9 мај. Киев, според извештајот на АП, побарал дополнително појаснување за предлогот, а Зеленски рекол дека Украина бара потрајно прекин на огнот, а не само краткорочна пауза во борбите.

Во исто време, некои западни аналитичари посочуваат дека односите меѓу Киев и Вашингтон значително се влошиле во последните месеци. Историчарот и колумнист на „Атлантик“, Филипс О’Брајан, оцени дека Зеленски повеќе не ги смета САД за сигурен сојузник во степен како што беше случајот претходно, што дополнително укажува на промена во пристапот на Украина кон Вашингтон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author