https://www.facebook.com/MetaforBusiness/photos/a.10150576419166337/10165060777596337/

05.05.2026 Скопје

Неколку големи глобални издавачки куќи денес поднесоа тужба против компанијата „Мета“, тврдејќи дека ги користела нивните книги и научни трудови без дозвола за тренирање на јазичните модели за вештачка интелигенција на „Лама“.

Тужбата беше поднесена во федералниот суд во Менхетен од „Елсевиер“, „Сенгејџ“, „Хашет“, „Мекмилан“ и „МекГроу Хил“, а беше поддржана од писателот Скот Туроу.

Во тужбата се тврди дека „Мета“ пиратирала милиони дела, вклучувајќи учебници, научни статии и романи, и ги користела за развој на своите јазични модели за вештачка интелигенција во голем обем без согласност на сопствениците на авторските права. Тужителите бараат од судот да им додели статус на колективна тужба и да досуди парична отштета, чија висина не е прецизирана.

Мета ги негираше обвинувањата и рече дека обуката на системи за вештачка интелигенција на содржина заштитена со авторски права може да претставува фер употреба според законот.

Компанијата соопшти дека „енергично ќе се брани“ на суд. Случајот претставува нов правен предизвик за технолошките компании што развиваат системи за вештачка интелигенција, бидејќи авторите, медиумите и уметниците веќе поднесоа повеќе тужби за наводно кршење на авторските права против компании како што се „Мета“, „Опен АИ“ и „Антропик“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author