13.05.2026 Скопје
Германскиот туризам е под притисок поради војната на Блискиот Исток и повисоките цени на горивата, според извештај објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања (Ifo).
Индексот на деловната клима за туристичките агенции и туристичките оператори падна во април од минус 41,8 поени во март на минус 43,5 поени, се додава во извештајот. Компаниите ја оценија моменталната состојба значително полоша отколку во претходниот месец, иако очекувањата за наредниот период малку се подобрија.
Експертот на Ифо, Патрик Хепнер, изјави дека конфликтот на Блискиот Исток ја погоди туристичката индустрија особено силно во март, но дека укинувањето на предупредувањата за патување низ клучните транзитни земји на Блискиот Исток на крајот на април е позитивен сигнал за секторот. Повеќе од половина од анкетираните германски туристички компании оценија дека побарувачката во април била слаба.
Според проценките на институтот, неизвесноста околу понатамошниот развој на конфликтот би можела негативно да влијае на резервациите за крајот на летната сезона во 2026 година, како и за зимската сезона во 2026/2027 година, според веб-страницата на Ифо.
Во исто време, компаниите очекуваат понатамошно зголемување на цените во наредните месеци, првенствено поради високите трошоци за гориво за авиони, кои сè уште се далеку над нивоата пред ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток кон крајот на февруари.
Подготвено од А.Ѓ.