05.05.2026 Скопје
Германските вооружени сили објавија дека испратиле прашалник до десетици илјади млади луѓе за можна воена служба.
Според новиот закон, секое машко лице кое наполнува 18 години е должно да го пополни овој прашалник и да се регистрира за потенцијална воена служба.
Околу 194.000 млади луѓе добиле писмо со прашалник помеѓу 15 јануари и 24 април, изјави портпаролот на вооружените сили. Претставник на Министерството за одбрана изјави дека нема сигурни податоци за бројот на одговори.
Прашалникот содржи прашања за лични податоци, физичка подготвеност, здравствена состојба и образование, како и интерес за воена служба.
Оние кои ќе покажат интерес треба да ја наведат посакуваната воена гранка и времетраењето на службата, од шест месеци до повеќе од шест години.
Жените исто така можат да го пополнат прашалникот, но тој не е задолжителен за нив во согласност со Законот за модернизација на воената служба донесен кон крајот на минатата година.
Законот е дел од поширокиот план на Берлин за зголемување на бројот на активни војници од 186.000 на 260.000, со дополнителни 200.000 резервисти до средината на 2030-тите.
Германските функционери веќе неколку години укажуваат на потребата од зајакнување на војската, особено по ескалацијата на конфликтот во Украина во 2022 година, наведувајќи ја наводната „руска закана“.
Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли шпекулациите дека Русија има агресивни намери кон земјите од НАТО, нарекувајќи ги бесмислени.
Некои германски политичари, вклучувајќи го и баварскиот премиер Маркус Зедер, се залагаат за повторно воведување на задолжителна воена служба.
Владините мерки предизвикаа незадоволство и кај младите, а на почетокот на март илјадници студенти протестираа на улиците на Берлин.
Подготвено од А.Ѓ.