19.05.2026 Скопје
Агенцијата за безбедност на здравјето на Обединетото Кралство (UKHSA) објави дека е потврден четврти случај на менингитис кај ученик од основно училиште во градот Рединг, на 60 километри од Лондон.
Детето, чија возраст не е откриена, е дел од група студенти кои се заразиле со менингитис Б, вклучувајќи го и Луис Вотерс од колеџот Хенли во Оксфордшир, кој почина од инфекцијата минатата недела. Двајца други пациенти, кои се лекуваат од менингитис, се ученици во основно и средно училиште во областа.
Здравствената консултантка на UKHSA, Рејчел Миркл, изјави дека четвртиот ученик кој се лекува од менингитис, а кој посетува основно училиште „Вествуд Фарм“ во Рединг, се опоравува добро и дека родителите се советувани за знаците и симптомите на кои треба да внимаваат.
„Овој четврти случај е поврзан со истата поширока социјална мрежа како и другите случаи, каде што мерките, вклучително и антибиотска профилакса, веќе се спроведени“, рече Ниркл. Таа додаде дека „ризикот за пошироката јавност останува низок“ од ширењето на болеста.
Подготвено од А.Ѓ.