11.05.2026 Скопје
Европските берзански индекси денес се мешани, а цените на суровата нафта од типот Брент повторно пораснаа на речиси 105 долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на конфликтот на Блискиот Исток.
„Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените ирански „претставници“. Не ми се допаѓа, е целосно неприфатливо“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Според податоците на берзата во 10:00 часот, цената на суровата нафта се зголеми за 3,48 проценти на 98,731 долари, а на нафтата од типот Брент за 3,48 проценти на 104,837 долари.
Властите во Техеран бараат од Вашингтон да стави крај на војната на сите фронтови и да ги укине санкциите врз Иран, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, повикувајќи се на информиран извор.
Европските фјучерси за гас за јуни се тргуваа на отворањето на Амстердамската берза „TTF“ денес по цена од 44,925 евра за мегават-час.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,15 проценти на 24.272,50 поени, францускиот CAC 40 падна за 0,68 проценти на 8.057,32 поени, додека FTSE 100 порасна за 0,24 проценти на 10.257,55 поени, а московскиот MOEX порасна за 2,21 проценти на 2.655,30 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,17678 долари.
Цената на златото падна на 4.674,60 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,1079 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).
Американскиот берзански индекс „Дау Џонс“ порасна за 0,02 проценти на 49.609,16 поени на затворањето на тргувањето во петокот, „S&P“ 500 за 0,84 проценти на 7.398,93 поени, а „Nasdaq“ за 1,71 процент на 26.247,08 поени.
Подготвено од А.Ѓ.