https://www.facebook.com/photo.php?fbid=589574345863710&set=pb.100044334494154.-2207520000..&type=3

24.04.2026 Скопје

Неуспехот на Европската Унија да го санкционира Израел за неговите воени акции во Газа и Либан го поткопува нејзиниот колективен кредибилитет и легитимитет во одбраната на Украина од руската инвазија, предупреди шпанскиот премиер Педро Санчез.

Санчез отворено ја критикуваше ЕУ и во исто време ја осуди, како што изјави тој за двојните стандарди на Унијата за нејзината подготвеност да ја казни Русија, но и нејзината неподготвеност да го стори истото со Израел.

Неговиот повик за суспензија на договорот меѓу ЕУ и Израел не добил поддршка од земјите членки, додека дел од нив остануваат воздржани.

Санчез предупреди дека без почитување на меѓународното право, светот се движи кон „закон на посилниот“, што носи поголема нестабилност и несигурност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author