tramp-iran-flota

18.04.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозно предупредување до Техеран, нагласувајќи дека примирјето со Иран би можело да биде прекинато доколку до среда не се постигне конечен и долгорочен договор. Во изјава за новинарите дадена во претседателскиот авион „Air Force One“ на враќање од Финикс кон Вашингтон, Трамп истакна дека постои реална можност да не го продолжи актуелното примирје.

Претседателот на САД беше дециден дека, без оглед на исходот од преговорите, поморската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила.

„Можеби нема да го продолжам примирјето, но блокадата останува. Значи, ја имате блокадата, а за жал ќе мораме повторно да почнаме да фрламе бомби“, изјави Трамп. Оваа реторика дополнително ги загрева тензиите во пресрет на крајниот рок за преговори, ставајќи го во прашање досегашниот дипломатски напредок меѓу двете земји.

Подготвено од М.Д.

About Author