kucinja-skitnici-3289892389

20.04.2026 Скопје

Од Град Скопје не прецизираат точно колкава сума исплатиле на име на отштетни побарувања од граѓани што биле каснати од кучиња. Но, информираат дека висината на надоместокот при спогодбено решавање зависи од степенот на повредите и се утврдува врз основа на стручно мислење од лекари (трауматолози и психолози).

При вонсудска спогодба, исплатените износи се движат во рамките од 30.000 до 60.000 денари, што е приближно двојно помалку во споредба со износите што би се исплатиле доколку се решаваат предметите по судски пат – тврдат градските власти.

Проблемот со бездомните кучиња во метрополата никако да се реши. Граѓаните постојано реагираат за незгодите што ги имаат со нив, некои биле нападнати, а некои и каснати.

Изминатава година, во периодот од јануари 2025 до јануари 2026 година, на територија на град Скопје биле поднесени вкупно 436 тужби по основ на нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници. Дополнително, 359 случаи се решаваат по пат на спогодба, при што вкупниот број на тужби и спогодбено решени предмети изнесува 795.

Од Град Скопје не прецизираат точно колкава сума исплатиле на име на отштетни побарувања од граѓани што биле каснати од кучиња. Но, информираат дека висината на надоместокот при спогодбено решавање зависи од степенот на повредите и се утврдува врз основа на стручно мислење од лекари (трауматолози и психолози).

При вонсудска спогодба, исплатените износи се движат од 30.000 до 60.000 денари, што е приближно двојно помалку во споредба со износите што би се исплатиле доколку се решаваат предметите по судски пат – тврдат градските власти.

Дополнително, проблемот се усложнува со тоа што во градот се внесуваат бездомни кучиња од други градови и места. Жители од населбата Карпош неодамна пријавија во ЈП „Лајка“ дека се пуштени нови кучиња без ушни маркички, по што нивни екипи спроведоа акција на локацијата, за нивно заловување.

Целта е да бидат заловени овие кучиња и да поминат хуман третман, согласно со програмата за работа на претпријатието – велат од „Лајка“.

Директорот на претпријатието, Војислав Димитровски, вели дека е присутен овој проблем и во други делови од Скопје, како што е Кисела Вода, кај училиштето „Кочо Рацин“ и во Бутел.

Сето ова е пријавено кај надлежните институции. Со Општина Карпош сме во секојдневна комуникација: кога ќе забележат кучиња, нивните служби го известуваат претпријатието и нашите тимови веднаш излегуваат на терен. Имаме пријава дека се појавила нова група несоцијализирани кучиња во Кисела Вода, што укажува на тоа дека се нови, донесени однадвор, најчесто локалното населени ги препознава, како и кај училиштето „Кочо Рацин“, а има и во Бутел – тврди Димитровски.

Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани што може да помогнат во лоцирањето на овие кучиња или имаат контакт со нив, да ги контактираат.

Но, за некои од граѓаните, ваквите акции се крпено решение и бараат, конечно, да се најдат тие што истовараат кучиња.

И скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во рамките на програмата на Градот се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на претпријатието и за создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Како што нагласи, тоа претставува суштинска промена, која треба да донесе видливи и трајни резултати.

Градоначалникот призна дека се оправдани забелешките на граѓаните, нагласувајќи дека со години се зголемува проблемот наместо да се решава. Токму затоа, според него, сега се пристапува сериозно, одговорно и со јасна визија за негово надминување.

Истовремено, Ѓорѓиевски порача дека нема да се дозволи Скопје да стане депонија за бездомни кучиња од други градови.

Прашањето за нивно носење во главниот град, како што кажа, веќе е отворено со надлежните институции и со воведувањето на системот „Безбеден град“, ќе се откриваат и санкционираат сите што несовесно ги префрлаат животните во Скопје.

И тој апелираше до граѓаните активно да соработуваат и да пријавуваат вакви појави, истакнувајќи дека само со заедничка акција може да се воспостават ред и функционален систем.

Едукативен карван на ЈП „Лајка“

На тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“, ЈП „Лајка“ започна со едукативен караван во ОУ „Кирил Пејќиновиќ“ во Кисела Вода, со учениците од седмо одделение .

Од претпријатието соопштија дека првата едукативна активност отворила важни прашања и поттикнала искрени, зрели дискусии за: хуманиот однос кон животните; одговорноста што ја носи сопствеништвото; значењето на стерилизацијата/кастрацијата;  правилната грижа; вакцинацијата; идентификацијата; превенцијата од напуштање и намалувањето на бројот на бездомни кучиња.

Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка – темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница. ЈП „Лајка“ продолжува со посветеноста, стручниот пристап и со внимателно креираните едукативни материјали, приспособени на возраста на учениците. Веруваме дека, преку заедничка соработка, создаваме свест што остава трајна вредност за луѓето, за животните и за општеството во кое живееме – нагласуваат од претпријатието.

Подготвено од М.Д.

About Author