29.04.2026 Скопје
Идејата за испраќање човечки екипаж на Венера, втората планета од Сонцето, веројатно ќе остане во доменот на научната фантастика.
Владимир Сичев, водечки истражувач и раководител на одделот за вселенска биологија при Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките, рече дека условите на оваа планета се толку сурови што нивното надминување е речиси невозможна мисија.
Сичев истакнува дека површината на Венера е пекол со температури што достигнуваат и до 400 степени Целзиусови. Иако во горните слоеви на атмосферата, на надморска височина од 60 километри, температурата паѓа на поприфатливи 40 до 60 степени, самото постоење во таква средина претставува непремостлива пречка за луѓето.
Осврнувајќи се на претходните шпекулации за можното постоење на живот во атмосферата на Венера, поради откривањето на одредени хемиски соединенија, рускиот научник беше експлицитен. Тој смета дека ваквите претпоставки се доста сомнителни и дека доказите за нив не даваат доволна основа за оптимизам.
Соочена со овие сурови услови, научната заедница се свртува кон други цели во потрагата по проширување на човечките граници во вселената.
Подготвено од А.Ѓ.