inflacija-8-696x392.jpg

16.04.2026 Скопје

Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), ја финализираше компаративната анализа за движењето на цените на основните производи. Овој извештај доаѓа како директен заклучок од 162-та седница на Владата, со цел да се добие јасна слика за пазарните осцилации.

Анализата се фокусира на 55 најпродавани прехранбени и непрехранбени производи. Податоците се црпени од четири големи трговски синџири кои имаат различно ценовно позиционирање на македонскиот пазар.

Мониторингот го опфати периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година, а резултатите треба да покажат дали и колку трговците ги корегирале цените во овој критичен период за потрошувачката.

Подготвено од М.Д.

About Author