24.04.2026 Скопје
Министерството за здравство, согласно заклучок од седница на Владата ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти МЗ.
Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари, а во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.
Оваа инвестиција, додаваат од МЗ, е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.
Подготвено од А.Ѓ.