shell-delivers-first-gas-malaysias-timi-platform

28.04.2026 Скопје

Албанија и Соединетите Американски Држави потпишаа 20-годишен договор за снабдување со течен природен гас (LNG), во договор вреден околу шест милијарди долари (околу 5,12 милијарди евра).

Договорот меѓу американската компанија Venture Global и компанијата Aktor LNG USA предвидува долгорочен извоз на американски гас во Албанија. Договорот е дел од пошироката стратегија на САД за зголемување на своето присуство во енергетскиот сектор на Југоисточна Европа, како и за диверзификација на изворите на снабдување со гас во европските земји.

Паралелно, беше најавена поддршката на Вашингтон за изградба на гасоводна инфраструктура во регионот, што вклучува проект за транспорт на гас од терминалот за течен природен гас на хрватскиот остров Крк до Босна и Херцеговина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author