1576185_profimedia0953508388_ff

24.03.2026 Скопје

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Европската Унија се наоѓа „на крајот од редот“ кога станува збор за руските енергенти.

Тој изјави дека има јасна претстава за сценариото по кое ќе се развива енергетската криза во Европската Унија и Велика Британија, одговарајќи на коментар на корисник на социјалната мрежа.

Имам. Традиционалните медиуми спречуваат многумина да ја видат вистинската слика, промовирајќи лажни наративи кои го замаглуваат размислувањето. Многу погрешни одлуки се носат врз основа на такви наративи и неможноста да се исправат грешките – напиша Дмитриев.

Подготвено од М.Д.

About Author