18.07.2025 Скопје
Владата на Велика Британија објави дека планира да овозможи право на глас на 16-годишна возраст на сите избори во земјата, како дел од сеопфатна реформа на демократскиот систем.
Според нацртот на предложените измени, кои мора да бидат одобрени од парламентот, на помладите гласачи би им било дадено право на глас на национално ниво, што би го усогласило изборниот стандард со Шкотска и Велс, каде што младите луѓе веќе учествуваат на локалните избори.
„Преземаме чекори за да ги срушиме бариерите за учество и да им овозможиме на повеќе луѓе да се вклучат во демократските процеси на Велика Британија“, изјави вицепремиерката Ангела Рејнер.
Подготвено од М.Д.