MICKOVSKI I TARAVARI

11.05.2024 Скопје

Започнуваат разговорите меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од лидерот и иден мандатар Христијан Мицкоски, и ВЛЕН за формирање на новото парламентарно мнозинство.

Првично ќе се разговара само за принципите на коалицирање, а не за ресори и функции. Паралелно со преговорите со ВЛЕН, а потоа евентуално и со ЗНАМ, како што рече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да дојде до 61 пратеник со помош на други пратеници кои постизборно давале сигнали дека сакаат да им се придружат.

Засега, нема потврда за кои пратеници станува збор, односно дали за дел од „помалите“ коалициски партнери на СДСМ, или пак за дел од коалициските партнери со кои на една предизборна листа настапи ДУИ.

Подготвено од М.Д.

About Author