09.05.2024 Скопје
Украинскиот парламент денеска ја изгласа мерката која што овозможува воена мобилизација на некои затвореници во замена со условен отпуст.
Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголем непријател.
– Се очекува новата мерка да ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20.000 затвореници, рече пратеникот Дејвид Арахамиа.
Новиот закон не важи за оние лица кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.
Владата на Украина привремено ги прекина и конзуларните услуги за воено способните мажи кои што се во странство ,жалејки се дека така не и помагаат на Украина.
Подготвено од М.Д.