serdzho-konseisao-nov-favorit-za-klupata-na-napoli

09.05.2024 Скопје

Повеќе од извесно е дека Стефано Пиоло по завршувањето на актуелната сезона ќе заработи отказ од Милан. Многу имиња се споменуваат за идни тренери на „росонерите“, но во последните денови низ медиумите се појави името на Серџо Консеисао.

Наводно Португалецот сака да ја прифати понудата од челниците на Милан и деновиве треба да разговара со неговите работодавци во Порто. Тој има договор со португалскиот состав до јуни 2028 година што значи дека Италијанците ќе треба да платат обештетување за тренерот.

Консеисао добро го познава италијанскиот фудбал со оглед дека најдобрите денови од својата играчка кариера ги мина во Серија А во тимовите на Парма, Лацио и Интер.

Подготвено од М.Д.

About Author