RAJFAJZEN BANKA

16.05.2024 Скопје

Американското министерство за финансии ја предупреди Рајфајзен банка дека нејзиниот пристап до финансискиот состав на САД би можел да биде ограничен поради соработката со Русија.

Американскиот заменик министер за финансии Вoли Адејамо на 6 мај испрати писмо до Рајфајзен во кое што изразува загриженост поради проширувањето на Рајфајзен во Русија како и поради договорот вреден 1,5 милијарди долари со санкционираниот руски тајкун Олег Дерипаско кои што банката во меѓувреме го отфрлила.

Портпаролот на Рајфајзен изјави дека Рајфајзен се повлекол од  бизнисот со рускиот тајкун и не влегувал во такви трансакции.

Тој, исто така, објави дека Рајфајзен  „значително ги намалила“ своите активности во Русија и иницирала широки мерки за ублажување на ризикот од санкции.

Подготвено од М.Д.

About Author