16.05.2024 Скопје
После подолга пауза, а и по низата концертни настапи низ Америка, џез музичарот Владимир Четкар во сабота ќе настапува во Скопје. Дружбата со скопската публика е закажана за сабота (18 мај) во Mosh Lounge Bar.
Инаку, деновиве Четкар се враќа од САД каде имаше концерти во Њујорк и Детроит и ги заврши последните студиски снимања во Чикаго и Милвоки за потребите на неговиот нов студиски албум.
Во Скопје Четкар ќе се претстави со својата авторска музика и аранжмани, а ќе биде придружуван од седум музичари на сцената. Сите кои сакаат да бидат дел од овој музички настан своите резервации можат да ги направат на 072 90 20 20, а дека забава и добра музика нема да недостасува е повеќе од сигурно кога е во прашање Четкар.
Подготвено од М.Д.