leb od oriz

16.05.2024 Скопје

Првиот пат кога ќе направите леб од ориз, гарантирам дека ќе бидете пријатно изненадени. Овој леб е круна на кулинарското наследство на Југоисточна Азија, но исто така редовно се јаде во поголемиот дел од Индија. Текстурата е чудна на прв поглед, но пријатна, особено крцкавата кора што ќе ја добиете доколку го следите овој рецепт, инаку омилен на Новак Ѓоковиќ.

Состојки и подготовка
500 г ориз

300 мл вода

4 лажици масло

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

1 кесичка сув квасец (Прашокот за печиво веројатно ќе ја заврши работата подобро од квасецот.

Потопете го оризот 2, 3 часа или оставете го преку ноќ пред спиење (но не подолго!) Добро исцедете го оризот, па изблендирајте ги сите состојки. Покријте со алуминиумска фолија, па ставете во загреана рерна (80-100°) половина час – час, за квасецот да си ја заврши работата. Потоа се пече како обичен леб, на 180-200° околу половина час, во зависност од рерната.

Подготвено од М.Д.

About Author