10.05.2024 Скопје
Американската влада соопшти дека укина некои лиценци кои им дозволуваа на американските производители на чипови да извезуваат одредени стоки во кинескиот технолошки гигант Huawei.
Одделот за трговија не прецизираше кои лиценци се одземени, но потегот дојде откако Huawei објави компјутер со вештачка интелигенција напојуван од чип создаден од Интел.
„Укинавме одредени дозволи за извоз на Huawei“, соопшти Министерството за трговија во вторникот, но не даде детали за тоа кои лиценци се одземени.
Во меѓувреме се појавија информации дека им се одземени лиценците на компаниите Интел и Квалком, но функционерите на двете компании не ги коментираа овие наводи.
Huawei веќе подолго време е мета на американските санкции, но кинеската компанија полека се враќа, особено по објавувањето на телефонот Mate 60 Pro во август минатата година.
Подготвено од М.Д.