09.05.2024 Скопје
„Овој народ овде се собра затоа што си ја сака и си ја штити Македонија“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Ние друга татковина немаме. Вие бевте наша инспирација да издржиме целиот овој период. Одбравме да биде тешко, но да не биде срамно. Не смее да биде срамно. Затоа радувајте се – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од плоштад „Македонија“ каде се собраа огромен број граѓани да ја прослават двојната победа.
Мицкоски порача дека борбата подобар живот продолжува, но важно е дека Република Северна Македонија ја ослободиле достоинствено нејзините синови и ќерки.
ВМРО-ДПМНЕ денеска го декласираше СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори.
Победничката атмосфера на Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ.
Подготвено од М.Д.