07.05.2024 Скопје

Далматинскиот театар од Сињ за првпат во Тетово, со комедијата „Жа – Жа“, по текст на Силвија Шесто, а во режија на Жељко Вицулин. Претставата ќе биде поставена на 11 мај (сабота), во НУ ЦК „Иљо Антески – Смок“ во Тетово со почеток во 19 часот. Влезот е слободен!

Дејството е сместено во Далмација. Ива, сопственичката на апартмани, сака да ги прошири своите туристички капацитети, за што ѝ помага нејзината пријателка Пера од Сплит. Со нив е и снаата на Ива, Ванда, која и покрај тоа што е на одмор, мора да готви и да чисти. Преку приказната на Ива дознаваме како Драго, синот на Ива, кој е продавач на дипломи, ја запознал Ванда. Одеднаш, на градилиштето се појавува мистериозен турист, Жан Бесон…

Настанот е во организација на Македонско – хрватското друштво (МХД). Ценејќи го огромниот интерес, по реализираните претходни две театарски претстави – комедии во преполниот простор на АРМ, новата далматинска комедија гостува во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *