07.05.2024 Скопје

Хамас синоќа прифати предлог договор за примирје во војната со Израел. Се однесува на три фази, со цел да се постигне траен прекин на огнот, пренесуваат дел од медиумските агенции, повикувајќи се на изјава на Халил ал Хаје, висок претставник на палестинската милитантна група.

Секоја од трите фази би траела по 42 дена и вклучува целосно повлекување на Израел од Газа, враќање на раселените лица и размена на заложници кои ги држи Хамас за палестински затвореници во израелските затвори.

Меѓувреме, како што се прошири веста за примирје, голем број на Палестинци почнаа со славење во делови на Газа.

Веста дојде по само неколку часа по израелскиот повик до населението во источниот дел на градот Рафа „под итно да се евакуира“.

Во Рафа се наоѓаат 1,2 милиони палестински бегалци од другите делови на Појасот, а Израел упорно порачуваше дека подготвува напад на градот и покрај противењето на САД, како негов најважен сојузник.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *