07.05.2024 Скопје

Овогодинашниот Избор за песна на Евровизија беше официјално отворен во шведскиот град Малме, каде претставници на 37 земји прошетаа по „тиркизниот тепих“ во услови на засилени безбедносни мерки и повици за бојкот поради учеството на Израел.

Долго време се шпекулираше дека на отворањето нема да има израелска делегација, а синоќа се покажа дека оваа вест е точна. Отсуствуваа пејачката Еден Голан и нејзиниот тим, а причината беше поради потенцијални закани и напади. Безбедносните служби не сакале да ризикуваат, па во договор со делегацијата на Израел нашле изнудено решение.

Исто така, една од наведените причини е фактот дека се слави Денот на сеќавањето на холокаустот, и затоа ниту една церемонија која вклучуваше славење не доаѓаше во предвид.

Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза. Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *