ROBERT FICO ATENTAT

16.05.2024 Скопје

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан вчера по состанокот на владата, на речиси 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.

Според последните информации на словачките медиуми, Фицо бил опериран и буден, а операцијата траела пет часа. Напаѓачот е уапсен на самото место и се вели дека е 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рече дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.

Цинтула е основач на Литературниот клуб „Духа“ и член на Друштвото на словачките писатели. „Скај њуз“ пишува дека се верува дека атентаторот е поранешен чувар.

Додека Словаците утрово патуваа на работа, многумина сè уште се обидуваа да се справат со веста за атентатот. „Немам зборови за ова. Ова никогаш не требаше да се случи во 21 век, без разлика за кого гласате“, рече Марија Сабо, сопственичка на продавница во главниот град Братислава.

„Нашата земја оди во погрешна насока“, додаде таа.

Вицепремиерот Томаш Тараба потврди дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.

Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил во зглобот.

Министерот за одбрана Роберт Калинак на прес-конференција најави дека во текот на денот ќе даде повеќе информации за состојбата на премиерот Роберт Фицо., а сега оди во Братислава на седницата на владиниот совет за безбедност, која почнува во 11 часот.

Подготвено од М.Д.

About Author