09.05.2024 Скопје
Исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот.
Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.
Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот.
Подготвено од М.Д.