20.04.2024 Скопје

Ресенчаните секоја година  претрпуваат голема криза кога се во прашање јаболката.  Поради безбројте политики кои се водат и големиот увоз на јаболка од странство, Република Северна Македонија ги  доживува најцрните денови, некогаш видени кога е во прашање оваа овошје.

Согласно податоците, ресенското јаболко не е откупено, а од први септември минатата година се увезени дури четири милиони килограми јаболко, што претставува апсурдност.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен., каде што оствари работни средби, со овоштарите од овој регион. Како проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски во изјавата за медиумите ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, но ѝ откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година, кој уште не е започнат со градба.

Тој во неговото обраќање исто така им вети, дека  партијата ВМРО-ДПМНЕ има програма и конкретни мерки, кои би помогнале на Ресенчаните во кризата.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *