26.04.2024 Скопје

Американски лекари и пресадиле свински бубрег на Лиза Писано од Њу Џерси, која исто така имала проблеми со срцето.

Писано добро закрепнува, соопшти тимот на NYU.

Таа е само втората пациентка која добила бубрег од генетски модифицирана свиња, по трансплантацијата на бубрег минатиот месец во Општата болница во Масачусетс.

Повеќе од 100.000 луѓе се на листата на чекање за трансплантација во САД.

На повеќето им треба бубрег, а илјадници умираат чекајќи.

Со надеж дека ќе го пополнат недостигот од донирани органи, неколку биотехнолошки компании генетски ги модифицираат свињите, така што нивните органи се повеќе слични на човечките органи, со помала веројатност да бидат уништени од човечкиот имунолошки систем.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *