17.04.2024 Скопје

Во италијанскиот град Торино пушачите кои консумираат цигари на отворено мора да бидат оддалечени најмалку пет метри од другите луѓе, изјави градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо.

Тој нагласи дека тоа е разумна одлука.

„Се работи за почитување на непушачите и на некој начин подобрување на политиката на почитување“, нагласи Ло Русо.

Прекршителите на прописите ризикуваат казна од 100 евра.

Според резолуцијата одобрена од Градското собрание, забраната вклучува цигари, пури, луле, загреани тутунски производи и електронски пури.

Во резолуцијата се наведува дека луѓето можат да консумираат тутун во близина на други само со нивна согласност, додека пушењето е целосно забрането во присуство на деца и бремени жени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *