26.04.2024 Скопје

Гласањето за резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај, бидејќи текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија. Кога ќе се одржи седницата на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), на која треба да се гласа за резолуцијата, треба да се знае во вторник, вели амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

Во таквата одлука, како што истакнува тој, учествувала и мисијата на БиХ во ОН за да се даде време на оние на кои им е потребно.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк изјавил дека САД, Германија и други земји го засилиле лобирањето за резолуцијата за Сребреница, поради кампањата што Белград ја води против нејзиното усвојување.

Во седиштето на ОН во Њујорк се одржуваат неформални консултации за нацрт-резолуцијата со која 11 јули се прогласува за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *