26.04.2024 Скопје

Европските берзански индекси денеска растат, американските паѓаат, цената на златото се уште расте, додека нафтата од типот „брент“ се продава за повеќе од 89 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.024,50 поени, лондонски FTSE 100 на 8.137,66 поени, францускиот CAC 40 на 8.067,57 поени, а московскиот MOEX на 3.446,31 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.085,80 поени, индексот S&P 500 на 5.048,42 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.611,76 поени пред денешното отворање на берзата.

Американските индекси бележат пад по вчерашниот извештај за економскиот раст на САД во првиот квартал за 1,6 отсто, што е помалку од очекувањата на експертите.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 84.067 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 89.591 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 29,975 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.340,65 долари за унца, а цената на пченицата падна на 6.0106 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07349, што е приближно исто како во четвртокот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *