18.04.2024 Скопје

Евролигата одлучи да го казни Кошаркарскиот клуб Партизан поради нередите на неговите навивачи во последното коло од регуларниот дел од натпреварувањето.

Причина за ова се запалените ракети на мечот со Валенсија.

На крајот од средбата со шпанскиот тим, навивачите на Партизан употребија пиротехнички средства за на посебен начин да се простат од елитното натпреварување.

Евролигата го казни Партизан со 3.000 евра за палење факели на тој натпревар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *