23.04.2024 Скопје
Известувачот за визи во ЕП, Матјаж Немец, по гласањето рече дека продолжувањето на визната либерализација на ЕУ за српските жители на Косово е важно за да се спречи дискриминација врз овие граѓани, кои се единствената категорија жители на Западен Балкан на кои сè уште им е потребна виза за патување до Шенген зоната.
Немец истакна дека оваа техничка одлука не е обид за решавање на спорот меѓу Србија и Косово, туку прагматично решение за обезбедување еднаков третман.
Сепак, согласноста треба да ја потврди и Советот на министри на Европската унија(ЕУ), при што за гласање е потребно квалификувано мнозинство. Засега не се знае кога ова прашање ќе се најде на дневен ред на министрите на ЕУ.
За да биде конечна визната либерализација, по гласањето во Европскиот парламент и во Советот на министри, одлуката треба да биде објавена во Службен весник заедно со датумот кога стапува во сила.
Визната либерализација за Косово, која е во сила од 1 јануари годинава, важи само за имателите на косовски пасоши. Граѓаните на Косово со српски пасоши беа изземени од визна либерализација при укинувањето на визите за граѓаните на Србија во декември 2009 година.
По визната либерализација за граѓаните на Косово, граѓаните на земјата кои имаат само пасоши од Србија останаа единствените во регионот кои немаат слобода на движење во Шенген зоната.
Подготвено од А.Ѓ.