29.04.2024 Скопје

Деновиве БРИКС повторно упати повик до земјите од Блискиот Исток постепено, но со сѐ позабрзана динамика да престануваат да го користат американскиот долар за плаќање нафта, а, наместо тоа, да ги користат своите (локални) валути, додека не се воспостави нова заедничка валута на БРИКС.

Во тој контекст актуелно е тоа што БРИКС ги интензивира своите подготовки за проширување на своето членство, во насока да ги приклучи како свои членки земјите производители на нафта: ОАЕ, Египет, Етиопија и Иран. БРИКС исто така работи на модели зајакнување на економските врски на Кина и Индија, кои претставуваат два најголеми трговски партнери на Емиратите.

Одлуката на БРИКС да се откаже од американскиот долар за плаќањето нафта е дел од поширокиот напор да се намали зависноста од американскиот финансиски систем и да се промовира употребата на локалните валути. Овој потег има голема веројатност за значителен импакт на глобалната трговија со нафта и поширокиот меѓународен финансиски систем. БРИКС, кој поседува поголем дел од глобалниот БДП од земјите од Г7 кога се приспособува на паритетот на куповната моќ, се очекува да добие зголемено економско и политичко влијание преку формално учество во алијансата.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *