17.04.2024 Скопје

Кошаркарскиот клуб Барселона е блиску до завршување на една од важните работи за следната сезона. Џабари Паркер е блиску до потпишување на нов едногодишен договор со каталонскиот тим.

Според индформациите, немало поголеми компликации во текот на преговорите. На Паркер наводно му било понудено продолжување на договорот во средината на февруари, по финалето на Купот на кралот – кое Барселона го загуби – а идејата за обнова на соработката наиде на позитивна реакција кај 29-годишниот Американец.

Сепак, Паркер инсистираше да се вметне излезна клаузула за НБА во случај да добие понуда од една од најсилните лиги во светот да се врати во својата татковина, што го одложи ракувањето меѓу двете страни. Во меѓувреме, Каталонците се согласија на барањето на Паркер, но со компромисно решение, а искусниот кошаркар најдоцна до средината на јули треба да ги извести блауграните дали ќе ја искористи клаузулата и ќе се врати во САД.

Паркер летово пристигна во Барселона како ризичен облог за раководството на шпанскиот клуб, бидејќи нема одиграно ниту еден натпревар од јануари 2022 година, но и поради тоа што тоа му беше прво искуство надвор од НБА.

Почетокот не беше спектакуларен, но Џабари ги подобруваше личните перформанси од натпревар во натпревар и стана се поважен запчаник во тимот на Роџер Гримау. Во Евролигата тој имаше просек од 10,3 поени, 3,9 скока и 9,3 индексни поени за нешто повеќе од 23 минути по натпревар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *