25.04.2024 Скопје

ПСЖ веќе ги планира засилувањата за следната сезона, а ќе има тешка задача да го замени Килијан Мбапе, кој најави дека заминува како слободен агент, приоритет на парижаните ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Крилниот напаѓач иако има само 16 години, сезонава се промовираше како еден од најдобрите играчи на Каталонците. ПСЖ смета дека Јамал за неколку сезони може да го достине нивото на Мбапе и да биде еден од најголемите светски играчи.

Францускиот гигант, наводно е подготвен да плати обештетување од 200 милиони евра за да го доведе тинејџерот на „Паркот на принцовите“ претстојното лето. Барселона мора да размислување на продавање на дел од своите играчи, поради финансиските проблеми. За потсетување, во  2017 година Нејмар се пресели од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, што и натаму е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *