Image by Freepik

27.03.2024 Скопје

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, потпиша закон со кој им се забранува на децата помлади од 14 години пристап до социјалните мрежи.

Исто така, овој закон бара родителска согласност за деца на возраст од 14 и 15 години да ги користат овие платформи.

Освен тоа, законот налага да се укинат постоечките сметки на деца под 14 години, како и на деца на 14 и 15 години кои немаат родителска согласност.

Претходно, Десантис стави вето на нацрт-законот со кој на сите деца помлади од 16 години им се забранува користење на социјалните мрежи, додека во изменетата верзија, согласност за користење на социјалните мрежи можат да дадат родителите на деца од 14 и 15 години.

Поддржувачите на законот велат дека законот ќе ги спречи штетните ефекти на социјалните мрежи врз благосостојбата на децата кои прекумерно користат такви платформи и може да доживеат анксиозност, депресија и други ментални болести како резултат.

Од друга страна, критичарите на законот тврдат дека усвоениот предлог ја нарушува заштитата на слободата на говорот и дека родителите, а не владата треба да одлучуваат дали децата ќе ги користат социјалните мрежи.

Нацрт-законот не наведува конкретни платформи за социјални медиуми, но наведува дека се однесува на сајтови кои промовираат „бесконечно лизгање“, прикажуваат метрика за „реакција“, како што се допаѓања, содржат видеа за автоматска репродукција и имаат функционалност за стриминг и известувања за „притискање“.

Компанијата Мета, која ги поседува социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се спротивстави на усвојувањето на законот, тврдејќи дека тој наводно ќе ја ограничи родителската дискреција.

Мета објави дека компанијата поддржува федерален закон со кој се бара од родителите да им дадат дозвола на своите деца пред да преземаат апликации од социјалните мрежи на нивните телефони.

Во март 2023 година, Јута стана првата американска држава што донесе закон со кој се регулира пристапот на децата до социјалните медиуми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *