26.03.2024 Скопје

„Платформа 1198“ е изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ која што содржи 1198 проекти која што е одговор на огромниот број на проблеми на граѓаните, проблеми кои што ги имаме регистрирано последните две, три години од посетите на терен во сите градови и населени места, каде што со секој еден граѓанин со кој што сме се сретнале, што сме регистрирале нивни проблеми, загрижености и предизвици, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека оваа програма е одговор на барањата на граѓаните и на нивните потреби за да може во државата да гледаат не само партнер и услов за да може да опстанат и да живеат во Република Северна Македонија.

„Изборната програма е поделена во пет целини кој што опфаќаат заеднички теми, така ни беа и петте платформски дебати кои што ги направивме во неделата на настанот спојувајќи по неколку области во една бидејќи се надоврзуваат, за да можеме да направиме целосна слика. Настанот беше именуван „Платформа 1198“ – Луѓето на прво место, каде што ги опфативме најголемите приоритети кои што се носечки во програмата. Најдоминантно место има економијата, финансиите, енергетиката кои што треба да носат развој во Република Северна Македонија. Понатаму, беше и делот во надворешната политика, привлекување на странските инвестиции, а се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно“, нагласи Стоилковски.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *