https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

26.03.2024 Скопје

Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра. Кредитните услови, пред се преку каматите и провизиите, ќе олеснуваат,  Со почетокот на оваа економска година банкарите очекуваат зголемен побарувачка на кредити и од страна на фирмите и од граѓаните.

Минатата година помина во знакот на „поскапи“ кредити поради заострената монетарна политика што ја водеше НБМ, но стартот на банкарската 2024 та покажува забавување на растот на каматите. Банкарите во најновата Анкета на НБМ изјавиле дека очекуваат олеснување на каматите за потрошувачките кредити кои се „најбарани“ од страна на населението.

„Се забележува доста послабо нето-заострување кај каматните стапки на станбените кредити, во споредба со анкетата од претходниот квартал, при мало нето-олеснување на каматните стапки на потрошувачките кредити. Провизиите кај станбените кредити бележат посилно нето-олеснување“, се наведува во Анкетата.

Во првиот месец од годинава просечната камата на вкупните кредити изнесувала  5,55% и била зголемена за само 0,08% во однос на декември лани. Но вкупно, кај новоодобрените кредити се забележуваат „пониски камати“ – просечна стапка од 5,22%  која во однос на декември е зголемена за минимални 0,01%. Попрецизно, податоците покажуваат дека во јануари во однос на декември има пад на каматите за новоодобрените кредити за фирмите за кои е регистрирана просечна стапка од 5,21% која е на најниско ниво од јануари 2023 та година.

И покрај затегнатата монетарна политика што се водеше минатата година, кредитирањето беше во пораст. Трендот на промена на условите за одобрување на кредити за домаќинствата, кој се очекува да влијае врз раст на кредитирањето, пред се, е резултат на меѓубанкарската конкуренција.

Оваа година започна со пониски стапки на инфлација со прогноза таа да се движи во умерени рамки поради што се очекува можно олабавување на политиките на Централните банки што треба да води и кон намалување на каматите за кредитите.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *