30.03.2024 Скопје

Собранието го извиси Народниот правобранител бидејќи по една година чекање на седница не ги донесе измените на Законот за народниот правобранител со кои требаше да се дадат поголеми овластувања на канцеларијата но и долгоочекуваната финансиска и административна  независност. Причината официјално е административна бидејќи не биле преведени амандманите кои ги доставила партијата Левица.

Законските измени предвидуваат народниот правобранител да ги врши мандатите за следење на спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ООН и Факултативниот протокол и да дејствува како Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција. Овие два мандата институцијата со години ги врши без законска основа. За итноста од носење на овие измени беше нотирано уште во извештајот на Прибе во 2015 година а континуирано алармира и Советот на Европа.

Народниот правобранител со години наназад се соочува со проблеми во работењето поради намален Буџет и одлив на кадар.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *