Image by wirestock on Freepik

30.03.2024 Скопје

Триесет милиони евра годишно од даноци може да загуби државата, ако не се адаптира на новиот глобален минимален данок на добивка од 15 отсто, кој Меѓународната организација за економска соработка и развој ОЕЦД од 1 јануари им го наметна на компаниите кои имаат годишни приходи од над 750 милиони евра.

Педесетина компании кои работат во земјава и кои во најголем дел се странски, ќе бидат опфатени од оваа нова глобална давачка, покажале симулациите на една од најголемите сметководствени фирми во светот „Прајс вотерхаус куперс“. Мирослав Марчев, еден од менаџерите на оваа компанија во Република Северна Македонија вели дека компаниите и државата мораат да разговараат за услогласување на економските политики.

Со оваа даночна реформа ОЕЦД сака да стави крај на меѓудржавната трка со даночни ослободувања или олеснувања во привлекувањето инвестиции, но и да ги искорени даночните раеви. Иницијатива ја поддржааа 140 земји, меѓу кои и Република Северна Македонија. Нејзините ефекти ќе ги почувствуват 8.000 светски мултинационални компании.

Првите плаќања на овој данок ќе се случат во 2026-та, а ќе се однесуваат на 2024 година. Овој данок веќе е имплементиран во Бугарија и Хрватска кои се членки на ЕУ. Земјите од Западен Балкан тоа се уште не го сториле.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *