italija mapa

26.03.2024 Скопје

Италијанската полиција ќе го зголеми нивото на будност во пресрет на претстојните велигденски празници, соопшти МВР по прегледот на националната безбедност по нападот во Москва во петокот на 22 март.

„Во пресрет на претстојните велигденски празници, договорено е зајакнување на надзорот и контролните активности на полицијата“, се наведува во соопштението.

Министерството додаде дека посебно внимание ќе се посвети на „сите чувствителни цели“.

Француската влада вчера одлучи да го подигне нивото на тревога за тероризам на највисоко ниво, по нападот во Москва во кој загинаа најмалку 137 лица.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author