30.03.2024 Скопје
За да се оди по брзиот пат кон ЕУ потребно е да се исполнат некои тешки работи кои би довеле до тоа и Хрватска може да и биде пример на Република Северна Македонија како да го направи тоа.
Ова е порака на Кристиан Туркаљ, главниот преговарач на Хрватска за поглавјата 23 и 24 – правосудство и основни права, кој денеска за искуството на Загреб во делот на исполнување на обврските од двете клучни поглавја од преговоире со ЕУ говореше на Националната конвенција за ЕУ, посветена на темелните права и владеењето на правото.
Симонида Кацарска, од Институт за европска политика пак за новиот механизам за контрола на владеењето на правото во земјите од ЕУ, а во кој од годинава е вклучена и земјава, го оцени како позитивен исчекор.
Подготвено од М.Д.