28.03.2024 Скопје
Инспекторатот ја повлече чоколадната лента „Кит Кат“ од производителот „Нестле“ од пазарот во Хрватска поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна во таа земја.
Станува збор за „Нестле кит кат мини“ од 200 грама (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо) серија 40580734, со рок на траење до јануари 2025 година, прецизира Агенцијата.
Производител е „Нестле“ Франкфурт, Германија, а производот на пазарот го пушта „Нестле Адриатик“ Загреб.
Подготвено од А.Ѓ.