sudski sovet vesna dameva

02.01.2024 Скопје

Пресудата за разрешувањето на поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, што Управниот суд ја донесе на крајот на минатата година пристигнала во Судскиот совет, информираа денеска од Судскиот совет.

Весна Дамева е избрана за член на Судскиот совет во декември 2019 година на предлог на претседателот на државата откако претходната претседателка Павлина Црвенковска си поднесе оставка од функцијата. Три години подоцна, во декември 2022 година е избрана за претседател на Судскиот совет.

На крајот на април 2023 година, Дамева беше разрешена кога по неколкучасовна кавга, нејзиниот тогашен заменик, Селим Адеми побара, а Дамева одби да поднесе оставка од функцијата. Меѓу забелешките за работата на Дамева беше и тоа што, дел од членовите на советот ја обвинија дека го криела писмото што американската амбасадорка Анџела Агелер го испратила до Судскиот совет.

Дали Весна Дамева ќе се врати на чело на Судскиот совет ќе може да се знае откако Советот, утре, на работен состанок ќе ја разгледува и ќе расправа по пресудата на Управниот суд кој го поништи нејзиното разрешување оценувајќи го како незаконско.

Подготвено од М.Д.

About Author