Image by wirestock on Freepik

06.12.2023 Скопје

Европскиот парламент ќе испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Србија на 17 декември, која ќе ја предводи европскиот претставник Клемен Грошељ.

Вчера се одржа конститутивна средба на делегацијата која ќе биде дел од пошироката набљудувачка мисија на ОБСЕ, составена од шест претставници.

Меѓу претставниците ќе биде и известувачот за Србија во Европскиот парламент Владимир Билчик и неговата колешка која се занимава со Косово, Виола фон Крамон.

Во соопштението на Собранието е потврдено дека членовите на мисијата ќе останат во Србија во периодот од 14 до 19 декември.

Според институцијата, членовите на Европскиот парламент планираат да ги набљудуваат изборите во различни делови на земјата, вклучително и Белград, Војводина и централна Србија, по што ќе излезат со соопштение.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *