https://twitter.com/vonderleyen/status/1582635443073318912/photo/1

31.05.2023 Скопје

Рускиот претседател се обидува да го уништи мировното дело што Европа го изгради од крајот на Втората светска војна, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во својот говор на Конференцијата за глобална безбедност (Глобсек) во Братислава.

Фон дел Лајен истакна дека одлука на Украина е суверена и јасно изразена волја на нејзиниот народ, да ги прифати вредностите на Унијата. Притоа, тие се борат и за заедничка слобода, за заеднички вредности, демократија и владеење на правото, слобода на говор и слобода на одредување на сопствената судбина.

„Украинскиот народ знае, со голема сигурност, каде припаѓа. Тоа е она за што се бори Украина и она што претседателот на Русија се обидува да го уништи“, додаде претседателката на Европската комисија во своето обраќање.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *