https://www.facebook.com/photo?fbid=648356226661320&set=pcb.648356346661308

07.10.2022 Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се обрати на настанот по повод новата кампања за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носењето и злоупотребата на мало и лесно оружје „Секој куршум има мета! Слави со срце, не со оружје“. На настанот беше прикажана и изложбата „Што ако…?“, на која беа претставени наслови од медиумски објави за инциденти предизвикани од залутан куршум.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=648356229994653&set=pcb.648356346661308

Министерот Спасовски истакна дека и залутаниот куршум мора да заврши некаде и има ризик да загрози нечиј живот, па затоа стратешкиот приоритет на Министерството за внатрешни работи е борбата против недозволената трговија со оружје. Воедно, додаде дека како резултат на плански интензивираните активности во оваа област, минатата година биле постигнати особено значајни резултати, како со зголемениот број откриени кривични дела, така и со зголемување на вкупните количини заплени на оружје, муниција и распрскувачки материи. Министерот информира дека активно се работи и на подигнување на јавната свест за опасностите од злоупотребата на огнено оружје.

Активноста ја спроведува Министерството за внатрешни работи со Програмата за развој на Обединетите нации, а со главна цел да предупреди за последиците од неовластеното користење мало и лесно оружје, особено за време на веселби, како и да се намали бројот на инциденти поврзани со пукање. Финансирана од владите на Германија, Обединетото Кралство, Франција, Шведска, Холандија и Норвешка, преку Мултипартнерскиот доверителен фонд, а е поддржана од Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author